За Нас

Фирмата ,,БОСТА,, дооел од Скопје е основана во 2001 година со основна дејност увоз и дистрибуција на прехранбени производи - производи од мед, детска козметика, чоколадни производи како и други производи. 
Од 2003 год, почнуваме со активна работа. Имаме развиено сопствена дистрибуција во големопродажната и малопродажната мрежа на пазарот во Република Македонија.

Лоцирани сме во индустрискиот дел на Скопје, во близина на кванташкиот пазар во зградата на Текстил на ул. Перо Наков бб. Користиме модерен магацински простор од 1200 м2, со инсталирани разладни комори и целокупна опрема за нормална работа на еден дистрибутивен центар. 
Поседуваме повеќе видови сопствени возила за дистрибуција. 
Ексклузивни застапници сме на повеќе програми на пазарот во Р. Македонија, како што се:

• MEDEX-Љубљана, производи од мед и прополис, 

• Ексклузивни дистрибутери сме на светскиот бренд Walt Disney во делот на детската козметика и детски средства за хигиена, 

• Чоколадни јајца со изненадување 3Д играчки со јунаците на Disney, 

• Хигиенски марамчиња со ликовите на Walt Disney, произведени во Италија, 


Со нашата досегашна работа можеме да се пофалиме дека се издигнавме од мала, скромна фирма до сериозна компанија со широка палета на производи и услуги, каде покрај продажбата на производи, опфаќаме и едукација за употреба на одредени производи. 
Исто така имаме раширена мрежа на дистрибуција. Соработуваме со сите медицински установи во Р. Македонија. Нашите дистрибутери ги посетуваат здравствените ординации, како педијатриски, општи, специјалистички и ги информираат докторите за најновите производи од нашата палета и исто така вршат едукација каде што е потребно.
Од 1.01.2009 имаме имплементиран ДХП (добра хигиенска пракса), како дел од НАССР системот за безбедност на храната.

Признанието од нашите купувачи е наша најголема награда. Тоа е вистинската мерка за тоа дали сме најдобри. Ние работиме за тоа... 
Подетални информации за нашата работа, нашите програми и нашиот професионален однос можете да најдете во останатиот дел од нашиот веб сајт. Ако сакате можете да не посетите во нашиот дистрибутивен центар во Скопје, ќе бидете добродојдени.

 

Контакт:

Тел/Факс: +389 2 2549 885

Email: info@bosta.com.mk