GELEE ROYALE SUPER

Желе ројал ампули со матичен млеч во раствор на сорбитол ја подобруваат општата состојба и ја зголемуваат отпорноста на организмот. Ја одржуваат виталноста, ја јакнат и потикнуваат психофизичката активност. Пакување: 10Х9мл.
Manufacturer: Medex
ден 0,00

ЖЕЛЕ РОЈАЛ СУПЕР ампули

Матичен млеч 500 мг. во раствор

ДОДАТОК НА ИСХРАНАТА

БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ И АРОМИ   

Нето: 10 ампули од 9мл (10г) е

СОСТАВ: Состојки: вода, емулгатор: сорбитолен сируп, свеж матичен млеч 5%, природна арома, бои, рибофлавин

Упатство за употреба: Препорачаната дневна количина за возрасни е содржината на една ампула. Испијте ја пред доручек, сама или разредена во вода. Благо лутиот вкус и талогот на дното од ампулата се последица на природните својства на состојките. Пред употреба да се протресе!

Напомена: Препорачаните дневни количини не смеат да се пречекорат. Додатокот на прехраната не е надомасток или замена за балансирана исхрана.

Да се чува вон дофат на мали деца!

Внимание: Прекумерното земање на производот може да предизвика лаксативен учинок. На лицата алергични на матичен млеч не им советуваме употреба на производот. Во случај на преосетливост, веднаш да се прекине со употреба на производот. Заради состојките од природно потекло може да дојде до мали отстапувања во составот и изгледот на производот.

Да се чува на темно и суво место на температура до 25 Ц.

 

   Содржина

На препорачана дневна количина

(1 ампула=9мл)

   Матичен млеч

   10ХДА

500 мг

7 мг

 

МАТИЧЕН МЛЕЧ

Матичен млеч или geléе royale е најскапоцен подарок од пчелната кошница. Го произведуваат младите пчели хранителки стари од 5 до 12 дена, и со неа цел живот ја хранат пчелната кралица- матица која се грижи за преживување на врстата. Матицата генетски пред се е еднаква на другите пчели,но бидеејки се храни само со матичен млеч таа е двапати поголема од пчелите работнички, преживува дури15 родови на пчели и во кошницата е единствено полно развиена. Се смета за најплодно суштество на планетата , бидејки на ден излежува и до 3000 јајца, која вкупната маса ја преминува нејзината сопствена маса. Уште во стариот Египет матичниот млеч го користеле фараоните кои го нарекувале »храна за боговите«, а денеска знаеме дека нејзината посебност се темели исклучиво на единствениот состав на незаситени масни киселини 10 ХДА (10-хидрокси-2-деценска киселина) која неможе да се најде нигде на друго место во природата. Содржината на 10 ХДА е важно мерило за квалитетот на матичниот млеч, затоа во Медекс нејзината вредност во производите сме ја стандардизирале и така сме го осигурале нејзиниот постојан квалитет.

 

Категоризација во АХВ: бр. 17-4986/2 од 05.12.2012